Голем пожар избувна во складиште за нафта во Брјанск, Русија, јавуваат руските новински агенции, повикувајќи се на тамошното Министерство за вонредни ситуации.
Засега нема детали како избувнал пожарот и дали има повредени. Исто така, како што пренесуваат агенциите, засега нема индиции дека овој пожар е поврзан со војната во Украина.
Се наведува дека складиштето за нафта во Брјанск е важен нафтовод преку кој руската нафта се транспортира во Европа.
– Од Министерството за вонредни состојби го потврдија пожарот. Има и потврда дека се работи за резервоари за гориво – вели Тасс.
Инаку, Брјанск е град кој се наоѓа на околу 150 километри североисточно од украинската граница, додека од Москва е оддалечен околу 380 километри.
A large fire broke out at an oil facility in #Bryansk, #Russia. pic.twitter.com/r9PKhwvMYB
— NEXTA (@nexta_tv) April 25, 2022