(Видео) Драма на небото над Москва: Аеродромите затворени, светските лидери не можат да слетаат, Украина изврши напад

(Видео) Драма на небото над Москва: Аеродромите затворени, светските лидери не можат да слетаат, Украина изврши напад

пред 11 месеци

Украинската армија ја нападна Москва со беспилотни летала и поради ова, повеќето аеродроми во главниот град на Русија беа затворени, непосредно пред доаѓањето на Шји Џјинпинг и други светски лидери за да го прослават Денот на победата над нацизмот, пишува Ројтерс.

 

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека руските единици за воздушна одбрана уништиле најмалку 14 украински дронови помеѓу вторникот и средата наутро.

 

Клучните московски аеродроми останаа без работа поголемиот дел од ноќта, а рускиот национален авиопревозник „Аерофлот“ соопшти дека го менува распоредот на летови за да се справи со прекините, пренесува медиумот.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, исто така, замина во најавена посета на Москва, каде што требаше да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, но авионот со кој леташе мораше итно да слета во Азербејџан, поради војната во Украина и дејствата на борбените средства во воздушниот простор.

Текстот (Видео) Драма на небото над Москва: Аеродромите затворени, светските лидери не можат да слетаат, Украина изврши напад е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top