(Видео) Експлозија во бар во познат швајцарски скијачки центар: има загинати на новогодишната ноќ

(Видео) Експлозија во бар во познат швајцарски скијачки центар: има загинати на новогодишната ноќ

пред 7 часа

Неколку лица се починати и повредени по експлозија во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, соопшти денес локалната полиција.

Експлозијата се случила во 1:30 часот по локално време во барот Констелејшн, изјави полицијата за Би-Би-Си.

Видеата што кружат на социјалните мрежи покажуваат пожар во барот „Ле Констелејшн“, каде што се одржа прославата на Нова Година.

Кран Монтана е луксузен скијачки град сместен во срцето на швајцарските Алпи, на околу два часа од швајцарскиот главен град Берн.

Претставник на швајцарската полиција најави дека наскоро ќе има повеќе информации што ќе ги објави полицијата на кантонот Вале.

Швајцарскиот весник „Блик“ објави дека пожарот можеби е предизвикан од огномет за време на концертот, додека полицијата соопшти дека причината за пожарот засега е непозната.

Кран-Монтана е луксузен скијачки центар во швајцарскиот регион Вале, кој е популарен меѓу туристите.

Текстот (Видео) Експлозија во бар во познат швајцарски скијачки центар: има загинати на новогодишната ноќ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top