(Видео) Експлозија во сместувачки центар за бегалци во Италија, најмалку 30 повредени

(Видео) Експлозија во сместувачки центар за бегалци во Италија, најмалку 30 повредени

пред 11 месеци

Најмалку 30 луѓе се повредени во централна Италија по експлозија во сместувачки центар за бегалци предизвикана од уривање на зградата.

Повеќето се здобиле со полесни повреди во експлозијата во петокот вечерта, а едно лице со хеликоптер е пренесено во болница во Рим, соопштија властите.

Италијанската новинска агенција АНСА објави дека е покрената истрага за нанесување телесни повреди од невнимание и дека причината за експлозијата е нејасна. Засега немаше индиции дека може да се работи за напад.

Зградата која се урна се наоѓа во индустриската зона на градот, а во неа најмногу живееле мажи.

Текстот (Видео) Експлозија во сместувачки центар за бегалци во Италија, најмалку 30 повредени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top