(Видео) Експлозија во Техеран за време на протест, толпата скандираше: „Смрт за Америка и Израел“

(Видео) Експлозија во Техеран за време на протест, толпата скандираше: „Смрт за Америка и Израел“

пред 5 часа

Иранската државна телевизија извести за силна експлозија на плоштад во Техеран, каде што беа закажани демонстрации. Телевизијата ИРИБ објави снимки и фотографии на кои се гледа густ чад како се издига над градот, пренесе Скај њуз.

Полуофицијалната новинска агенција Тасним соопшти дека експлозијата е предизвикана од „американско-израелско бомбардирање“.

Според нивните извештаи, погодената област била јужно од улицата Енгелаб, една од главните сообраќајници во иранската престолнина.

Новинските агенции поврзани со режимот објавија дека провладините демонстранти, кои ги гледале нападите од далечина, одговориле со скандирања „Смрт за Америка“, „Смрт за Израел“ и „Ни компромис ниту предавање, борете се против Америка“.

Текстот (Видео) Експлозија во Техеран за време на протест, толпата скандираше: „Смрт за Америка и Израел“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top