(Видео) Затворен германскиот конзулат во Санкт Петербург

(Видео) Затворен германскиот конзулат во Санкт Петербург

пред 2 часа

Генералниот конзулат на Германија во Санкт Петербург е затворен врз основа на одлука на руското Министерство за надворешни работи, како одговор на, како што наведува Москва, непријателските чекори на Берлин.

Од зградата се отстранети германското знаме, знамето на Европската Унија и таблата на конзулатот.

Германските дипломати треба да ја напуштат Русија најдоцна до 18 септември, објави „Спутник“.

Германија претходно официјално ја обвини Русија за инцидентите со дронови во Лајпциг. Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул кон крајот на август соопшти дека рускиот амбасадор во Берлин бил повикан на разговор поради инцидентите, за кои германската влада ја обвини Москва.

Берлин потоа презеде низа мерки, меѓу кои затворање на рускиот конзулат во Бон, раскинување на договорот за работа на Рускиот дом, засилена контрола при влез во земјата за руски државјани и проширување на списокот со санкции.

Текстот (Видео) Затворен германскиот конзулат во Санкт Петербург е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top