(Видео) Земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди југот на Мексико

(Видео) Земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди југот на Мексико

пред 6 часа

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени денеска ја погоди јужната мексиканска сојузна држава Гереро. Епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од само 10 километри, соопшти Германскиoт истражувачки центар за геонауки.

Претседателката на Мексико, Клаудија Шајнбаум, објави на социјалната мрежа „Икс“ дека, по разговор со гувернерот на погодената држава, засега нема пријави за посериозна материјална штета.

Таа потврди дека штета не е евидентирана ниту во главниот град, Мексико Сити. Во моментот на земјотресот, претседателката Шајнбаум ја одржувала својата редовна утринска прес-конференција. Откако се активирале алармите за опасност, таа мирно го прекинала обраќањето и се евакуирала заедно со присутните новинари.

Текстот (Видео) Земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди југот на Мексико е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top