(Видео) Израел со падобрани испрати тони вода на војниците во Газа: Ова е прв ваков потфат

(Видео) Израел со падобрани испрати тони вода на војниците во Газа: Ова е прв ваков потфат

пред 2 години

Израел со падобрани им испрати седум тони вода на војниците во Газа, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ) и прикачија видео од воената акција. Оттаму додаваат дека ова е прв ваков логистичко-воен зафат.

$bp(“Brid_02293584”, {“id”:”26456″,”width”:”762″,”height”:”429″,”video”:”1501037″,”autoplay”:0,”shared”:true});

„Испорачавме околу седум тони вода на израелските војници во градот Кан Јунис со падобрани. Системот „водено снабдување“ е напреден оперативен систем кој овозможува испорака на опрема до копнените сили преку падобран и со употреба на прецизна навигациска технологија“, пишува ИДФ на Телеграм.

„Ова е прва ваква оперативна употреба на системот по Втората либанска војна. Го користевме товарниот авион Шимшон за испорака“, се додава во соопштението.

Текстот (Видео) Израел со падобрани испрати тони вода на војниците во Газа: Ова е прв ваков потфат е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top