Камерите ја снимија реакцијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, дека рускиот претседател Владимир Путин „сака Украина да успее“.
По разговорот во одморалиштето Мар-а-Лаго, Трамп и Зеленски одржаа заедничка прес-конференција. Додека повеќето камери беа фокусирани на говорникот, официјалната камера на Белата куќа ги прикажа двајцата лидери во ист кадар, при што беше забележана реакцијата на Зеленски.
Trump:
Russia wants to see Ukraine succeed. It sounds a little strange.
Putin was very generous in his feeling toward Ukraine succeeding. pic.twitter.com/tiBk5lB0nz
— Clash Report (@clashreport) December 28, 2025
На прашање дали Русија би можела, како дел од евентуален мировен договор, да помогне во обновата на Украина, Трамп одговори дека разговарал за тоа со Путин и дека Русија ќе помага. Тој додаде дека Путин бил многу великодушен и дека сака Украина да успее, вклучително и преку енергетска поддршка по ниски цени.
На оваа изјава, Зеленски ги подигна веѓите, ја навали главата и се насмевна.
Трамп изјави и дека со Путин разговарал околу два и пол часа, при што била спомната и нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, која Русија ја зазеде во 2022 година и која моментално не е во функција. Според Трамп, Путин соработува со Украина за повторно активирање на централата и не дозволил таа да биде цел на напади.
Текстот (Видео) Камерите ја уловија реакцијата на Зеленски на изјавата на Трамп дека Путин сака Украина да успее е превземен од МАКФАКС.






