(Видео) Кина започнува со изградба на најголемата хидроелектрана во светот, Индија и Бангладеш се загрижени

(Видео) Кина започнува со изградба на најголемата хидроелектрана во светот, Индија и Бангладеш се загрижени

пред 16 часа

Кинескиот премиер Ли Чијанг го објави почетокот на изградбата на најголемата хидроелектрична брана во светот, која се наоѓа на источниот крај на Тибетската висорамнина, со проценета вредност од околу 170 милијарди долари.

Проектот е дел од напорите на Кина за проширување на обновливите извори на енергија и намалување на емисиите на јаглерод, објави кинеската новинска агенција Синхуа, цитирана од Ројтерс. Браната, која ќе се состои од пет каскадни хидроелектрични брани, ќе биде лоцирана во долниот тек на реката Јарлунг Зангбо и би можела да влијае на милиони луѓе низводно во Индија и Бангладеш.

Властите не кажаа колку луѓе ќе бидат раселени во Тибет поради проектот или како ќе влијае на локалниот екосистем, еден од најбогатите и најразновидните на висорамнината. Но, според кинеските власти, хидроенергетските проекти во Тибет нема да имаат големо влијание врз животната средина или водоснабдувањето низводно. Сепак, Индија и Бангладеш изразија загриженост за браната, како и многу невладини организации.

Се проценува дека браната има капацитет од 300 милијарди киловат часови електрична енергија годишно и се очекува да помогне во задоволувањето на локалната побарувачка за енергија во Тибет и делови од Кина.

Фото: принтскрин

Текстот (Видео) Кина започнува со изградба на најголемата хидроелектрана во светот, Индија и Бангладеш се загрижени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top