(Видео) Кувајт објави снимки од последиците: голема штета по иранскиот напад

(Видео) Кувајт објави снимки од последиците: голема штета по иранскиот напад

пред 4 часа

Кувајтското Министерство за внатрешни работи објави снимки кои покажуваат голема штета на Меѓународниот аеродром во Кувајт по ракетен и дронски напад извршен од Иран рано утрово.

Според официјалните информации, во нападот загинал еден индиски државјанин, а најмалку 63 лица се повредени. Дел од проектилите и дроновите биле пресретнати од противвоздушната одбрана, но некои сепак погодиле делови од аеродромската инфраструктура.

Иранските власти потврдија дека го извршиле нападот и изјавија дека станува збор за „самоодбрана“, насочена кон локации поврзани со американската војска. Нападите следуваат по претходна американска акција во регионот.

Ситуацијата во Заливот останува напната, со обвинувања и контранапади меѓу САД и Иран.

Текстот (Видео) Кувајт објави снимки од последиците: голема штета по иранскиот напад е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top