Вулкан на Ла Палма, на северозапад од архипелагот, еруптираше во неделата, исфрлајќи лава неколку стотини метри високо во воздух и слевајќи се кон Атлантскиот Океан.
Ова според вулканолозите е прва вулканска ерупција во последните 50 години на тој архипелаг западно од Африка.
„Канарските острови се безбедни и може да се посетат, а ерупцијата на вулканот таму создава прекрасно шоу“, изјави вчера шпанската министерка за туризам Марија Рејес Марото.
Неколку часа потоа беа евакуирани пет илјади луѓе поради ерупцијата на вулканот.
Lava swallowing homes, today in La Palma, Canary Island pic.twitter.com/FFJASdpxGf
— Joaquim Campa (@JoaquimCampa) September 19, 2021
„Островот е отворен“, изјави Марото, нарекувајќи ја ерупцијата „прекрасно шоу“.
Нема ограничувања за патување на островот. Всушност, ние споделуваме информации со туристите за да знаеме дека можат да уживаат во нешто невообичаено, да го видат со свои очи“, рече таа.
? #VÍDEO | Imágenes de la lava del volcán de La Palma en el interior de una vivienda pic.twitter.com/XllTcNQiAW
— EL ESPAÑOL (@elespanolcom) September 20, 2021
Подоцна околу 360 туристи беа евакуирани од летувалиштето во Ла Палма и беа однесени на блискиот остров Тенерифе, изјави портпаролот на бродската компанија Фред Олсен.
Una isla que aún está en formación. Las más joven del archipiélago Canario, La Palma solo tiene 2 millones de años mientras las otras 6 tienen en promedio una edad de 20 millones de años. #Lapalmaerupcion #Canarias pic.twitter.com/jy327zFcw0
— Gregorio Marrero (@gregmarrero) September 20, 2021
Уште 180 туристи би можеле да бидат евакуирани подоцна во текот на денот, додаде тој.
Регионалниот лидер Виктор Торес рече дека лавата од вулканот ќе стигне до морето во 20 часот по локално време, додавајќи дека вулканот ќе биде активен уште неколку дена. Досега се евакуирани илјадници луѓе, а лавата буквално проголта неколку куќи.