Маж кој држеше шест деца како заложници во стан во Санкт Петербург, се предаде на полицијата.Во стан во предградијата на Санкт Петербург, маж вооружен со секира држеше како заложници шест деца, пренесоа руските агенции.
Извор од безбедносните сили за агенцијата РИА Новости изјавил дека човекот бил пијан, а со полицијата била контактирана неговата сопруга, која не можела да влезе во станот.
Житель Петербурга захватил в заложники шестерых детей. С ним ведут переговорыhttps://t.co/UjiAiZgmve pic.twitter.com/ealaO3WOJv
— SmolNarod.ru (@SmolNarod_ru) November 24, 2020
Полицијата преговарала со човекот, но тој не упатил никакво барање сè до моментот кога руските агенции ја пренеле информацијата.
Появилось видео из Колпино. Захвативший детей в заложники держит нож у горла ребёнка и орет на полицейских. Он требует не подходить к нему, а привести жену pic.twitter.com/uMU437IzaH
— NEWS.ru (@nws_ru) November 24, 2020
Агенцијата ТАСС објави дека мажот се забарикадирал во станот со децата и дека причина за земање на децата во заложништво може да биде неговиот конфликт со сопругата.