(Видео) Најмалку петмина загинати а околу 40 повредени кога автомобил влета во божиќна парада во Висконсин

пред 3 години

Најмалку едно лице загина, а повеќе од 20 се повредени кога автомобил влета во божиќна парада во градот Вокиша, во американската сојузна држава Висконсин.

Началникот на полицијата Ден Томсон изјави дека лицето кое се смета за одговорно е во притвор, додека возилото по инцидентот е пронајдено на 32 километри западно од Милвоки.

Возилото удрило во повеќе од 20 луѓе. Некои од повредените се деца, а има и неколку смртни случаи како последица на овој инцидент – изјави Томсон за новинарите.

Тој изјави дека еден полицаец пукал во возилото.

Локалните власти соопштија дека однеле 11 возрасни и 12 деца во шест болници во округот и дека семејството и пријателите транспортирале многу повеќе во болниците.

Не е познато дали инцидентот е поврзан со тероризам, пренесува Ројтерс.

Видеото објавено на интернет покажува црвено спортско теренско возило кое минува низ парадата, налетувајќи на повеќе од десетина луѓе пред толпата да истрча од тротоарот за да пружи помош.

Детската болница во Висконсин на „Твитер“ објави дека примила 15 пациенти, но не пријавила смртни случаи.

Share
Scroll to Top