(Видео) Невремето ги уништи бегалските кампови за Палестинците на југот на Појасот Газа

(Видео) Невремето ги уништи бегалските кампови за Палестинците на југот на Појасот Газа

пред 1 година

Неповолните временски услови во блокираниот Појас Газа, кој веќе 39 дена е силно бомбардиран од Израел, уште повеќе го отежнаа животот на Палестинците.

Силните ветрови и врнежите во регионот ги уништија шаторите на Палестинците чии домови беа уништени во нападите.

Палестинците со кофи и метли се обидуваат да ја исчистат водата која навлегла во шаторите што ги поставиле во дворот на училиштето каде што се засолниле, чекајќи „рака за помош“.

Палестинската државна телевизија објави снимка од палестинско семејство кое живее во шатор на југот на Појасот Газа.

„Сè во шаторот беше уништено, дури и детската облека. Ги напуштивме нашите домови на север со облеката што ја носевме. Немаме друга облека“, рече една Палестинка.

Таа стравува за здравјето на децата кои се во мокра облека.

Палестинецот Абдула, кој се обидуваше да извади вода од едниот шатор, рече: „Се е влажно, видете ја нашата ситуација. Каде се хуманитарните организации? Ако некој има малку хуманост во него, нека дојде да види каква е нашата ситуација”.

Од 7 октомври, Израел изврши жестоки напади врз Појасот Газа, при што загинаа најмалку 11.240 Палестинци, од кои 4.630 деца и 3.130 жени, а беа повредени повеќе од 28.200 луѓе, пренесуваат медиумите во регионот.

На Западниот Брег и Ал-Кудс, израелските сили и еврејските доселеници убија 193 Палестинци.

Текстот (Видео) Невремето ги уништи бегалските кампови за Палестинците на југот на Појасот Газа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top