😲

(Видео) Новинар во Австралија скокна во поројните води и спаси возач

пред 2 часа

Австралискиот телевизиски новинар Вил Мари, со помош на еден случаен минувач, спаси возач од автомобил што тонеше во поплавните води северно од Бризбејн. Мари известуваше за поплавите во Квинсленд за австралискиот јавен сервис ABC, кога возач на теренско возило се обиде да помине преку поплавен пат.

Возилото набрзо заглави во водата и почна да тоне; целиот настан е снимен со камера, пренесува Ројтерс.

Мари и уште еден маж допливаа до автомобилот и го извлекоа возачот само неколку моменти пред возилото целосно да потоне. „Му го спасија животот – во тоа нема апсолутно никаков сомнеж“, изјави снимателката на ABC, Лиз Пикеринг, која беше сведок на настанот.

Според ABC, во градот Морејфилд, каде што се случи инцидентот, наврнале приближно 170 милиметри дожд.

Текстот (Видео) Новинар во Австралија скокна во поројните води и спаси возач е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top