(Видео) Обилни дождови, силни ветрови, Португалија е во најголем ризик од поплави поради бурата „Марта“

(Видео) Обилни дождови, силни ветрови, Португалија е во најголем ризик од поплави поради бурата „Марта“

пред 6 часа

Националниот командант на Цивилната заштита на Португалија, Марио Силвестре, денес предупреди на опасноста од обилни дождови и силни ветрови предизвикани од бурата „Марта“ во текот на претстојната ноќ, а највисокото ниво на тревога ќе остане на сила до сабота поради ризикот од поплавување на неколку реки.

Според португалскиот „Диарио де Нотисијас“, главната загриженост се однесува на реките Дуро, Мондего и Тахо, поради влијанието на шпанските брани и високите нивоа на водата.

„Нè очекуваат обилни врнежи од дожд и налети на ветер до 100 км/ч. Поради заситеноста на земјиштето и оштетената инфраструктура, потребно е да се биде внимателен за да нема дополнителни проблеми и жртви“, рече Силвестре.

Фото: ЕПА

Текстот (Видео) Обилни дождови, силни ветрови, Португалија е во најголем ризик од поплави поради бурата „Марта“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top