(Видео) Пожарите беснеат низ Балканот: во Албанија огнот стигна до брегот, од Далмација апокалиптична сцена

(Видео) Пожарите беснеат низ Балканот: во Албанија огнот стигна до брегот, од Далмација апокалиптична сцена

пред 5 месеци

Пожарите беснеат низ регионот. Два големи пожари во сплитско-далматинската жупанија се уште не се изгаснати, пренесува „Index.hr“.

На тој простор досега изгореа околу 400 хектари ниска вегетација и борова шума.

Според евиденцијата на Државниот противпожарен оперативен центар на ХВЗ, во изминатото деноноќие, од среда во 7 часот до четврток во 7 часот, во Хрватска се евидентирани 122 пожарникарски интервенции во кои учествувале 244 противпожарни организации со 755 пожарникари и 257 противпожарни возила и 10 противпожарни авиони.

$bp(“TargetVideo_22502927”, {“id”:”26456″,”width”:”647″,”height”:”364″,”video”:”1720340″,”autoplay”:0,”shared”:true});

Изминативе денови низ цела Црна Гора беа активни неколку пожари, а некои од нив беа и од поголеми размери.

Со оглед на тоа што најголем дел од овие пожари се во населени места, командирот на Службата Здравко Блечиќ апелираше до мештаните да го исчистат просторот околу нивните згради.

Пожарите што го зафатија албанското крајбрежно подрачје Шењаин се ставени под контрола, соопшти вчера Министерството за одбрана на Албанија. Противпожарните екипи се поддржани од припадници на вооружените сили, полиција, локални структури и два авиони Canadair од Италија, пренесува „Euronews. al“.

Еден ден претходно, ситуацијата во Шенгѓин беше катастрофална бидејќи пламените јазици зафатија туристички комплекс. Пожарот стигна до брегот, пренесуваат медиумите во регионот.
„За среќа нема повредени, има само материјална штета во реонот на пожарот“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Албанија има околу 147 противпожарни возила, 1.300 луѓе и два хеликоптери „Кугар“, кои според властите не се доволни за гаснење на пожарите во лет.

Жителите на четири населени места на островот Евија во Грција мораа да се евакуираат поради пожар што избувна на островот на 29 јули.

Како што јави Катимерини, противпожарните служби цела ноќ го гаснеле пожарот, кој се уште гори, па жителите на Климаки, Лиани Амос, Петриес и Криези морале да се евакуираат, објави „Еуроњуз“.

Шумските пожари во Грција зачестија во последниве години за време на сè потопли и суви лета, што научниците го поврзуваат со климатските промени. Минатата година избувнале над 8.000 пожари, покажуваат податоците на противпожарната бригада.

Премиерот Киријакос Мицотакис рече дека Грција се соочува со „многу тешко лето“ во однос на климатските услови.

„Ни претстои уште многу тежок месец, август, и очигледно е дека сите мораме да бидеме на готовност“, им рекол тој на министрите за време на состанокот на владата, пренесува британски „Индипендент“.

Текстот (Видео) Пожарите беснеат низ Балканот: во Албанија огнот стигна до брегот, од Далмација апокалиптична сцена е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top