(Видео) Пожар избувна во болница, се стравува дека има загинати и повредени во Индија

(Видео) Пожар избувна во болница, се стравува дека има загинати и повредени во Индија

пред 1 година

Најмалку седум пациенти загинаа, а 30 лица се повредени кога денеска изгоре болница во Индија.

Две жени и едно дете беа меѓу оние што починаа во приватна четирикатна болница во Диндигул, Тамил Наду, Индија.

Сите биле пронајдени во несвест во лифтот пред да бидат прогласени за мртви, објавија локалните медиуми.

Во болницата имало 100-ина пациенти кога избувнал пожарот, а се стравува дека многу од нив можеби биле заробени внатре.

Пожарот, за кој се претпоставува дека избувнал од краток спој на приземјето, бргу ја зафатил целата зграда.

Текстот (Видео) Пожар избувна во болница, се стравува дека има загинати и повредени во Индија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top