(Видео) Полскиот претседател итно се враќа во земјата по случувањата во Уставниот суд

(Видео) Полскиот претседател итно се враќа во земјата по случувањата во Уставниот суд

пред 2 часа

Полскиот претседател Карол Навроцки во петокот го прекина патувањето во Сенегал и одлучи да се врати во Полска, откако полицијата интервенираше во просториите на Уставниот суд, а претседателот на судот, Богдан Швјенчковски, беше суспендиран, пренесува Ројтерс.

„Во ваков момент претседателот мора да биде во Полска. Го прекинувам патувањето во Сенегал и се враќам“, напиша Навроцки на платформата Икс.

Полската полиција соопшти дека нејзини припадници интервенирале на територијата на Уставниот суд по инциденти пред зградата, при кои кон полицајците биле фрлани опасни предмети.

На интернет-страницата на полскиот Уставен суд беше објавено соопштение дека претседателот на институцијата, Богдан Швјенчковски, во петокот бил суспендиран од должноста.

Долготрајниот политички спор околу Уставниот суд практично ја парализирал работата на оваа институција, наведува Ројтерс.

Навроцки, кој е сојузник на поранешната полска влада, претходно годинава одби да ја прими заклетвата на тројца од шесте судии избрани од парламентот. Од друга страна, Швјенчковски одби да им овозможи на судиите избрани од актуелното парламентарно мнозинство да стапат на должност.

Текстот (Видео) Полскиот претседател итно се враќа во земјата по случувањата во Уставниот суд е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top