(Видео) Руската војска ја погоди телевизиската кула во Киев

пред 3 години

На социјалните мрежи се појави видео од нападот на киевската ТВ кула.

Автентичноста на видеото ја потврди и Би-Би-Си, а на неа се гледа како била погодена кулата висока 385 метри (најверојатно со проектил).

Советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко потврди дека била нападната телевизиската кула во Киев што му ја оневозможило работата.

Не е јасно дали кулата била директно погодена, а локалниот ТВ канал 1 + 1 објави дека се работи на враќање на сигналот.

Руското Министерство за одбрана денеска издаде предупредување дека ќе користи прецизно оружје за да ги нападне објектите што ги користи Украина за информативни напади врз Русија.

„ Ги повикуваме граѓаните на Украина кои живеат во близина на релејните јазли да ги напуштат своите домови“, соопшти претходно руското Министерство за одбрана.

Според руското Министерство за одбрана, информативните напади врз Русија се „спроведени од Центарот за информации и психолошки операции (ИПСО) на вооружените сили на Украина заедно со единиците за сајбер операции на СБУ. За ова се користат хардверски и софтверски системи и комуникациски капацитети.

Share
Scroll to Top