Полицијата во Капитол бара гардистите да останат во Вашингтон уште 60 дена

пред 3 години

Полицијата на американскиот Капитол поднесе барање до Пентагон припадниците на Националната гарда да останат во зградата на американскиот Конгрес уште 60 дена, изјави членката на Претставнички дом од Републиканската партија Елиса Слоткин.

АП објави дека Пентагон во моментов го разгледува барањето на полицијата.

Националната гарда, наводно, бара доброволци да ја пополнат позицијата во Капитол сè додека Пентагон не го одобри продолжувањето.

Повеќе од 5.000 припадници на Националната гарда беа стационирани во зградата на Конгресот на САД по нападот на Капитол на 6 јануари.

Вчера на гардистите им беше кажано да одржуваат голем степен на претпазливост поради потенцијалниот заговор на неименувана вооружена група за извршување нов напад врз Капитол, пренесе „Раша тудеј“.

Доколку Пентагон не го продолжи мандатот на Националната гарда, сите 5.000 гардисти ќе бидат испратени дома во петок, на 12 март.

Share
Scroll to Top