(Видео) Руските сили го нападнаа Харков, една од целите приватна градинка

(Видео) Руските сили го нападнаа Харков, една од целите приватна градинка

пред 13 часа

Руските сили утрово го нападнаа Харков со беспилотни летала, а една од целите беше приватна градинка во округот Холоднохир. Во нападот беа повредени деца, едно лице беше убиено, а на местото на нападот избувна пожар, потврди градоначалникот Игор Терехов. Според последните информации, повредени се пет лица.

Според првите информации, помеѓу 10:55 и 10:57 часот во градот одекнаа три силни експлозии. Неколку беспилотни летала, за кои се верува дека се ирански Шахеди, беа видени на небото. Сите деца беа успешно евакуирани од погодената градинка до 11:18 часот. Се уште гори местото кај што беше извршен напад.

Шефот на регионалната воена администрација, Олег Синегубов, извести за уште две жртви – маж и жена кои беа пренесени во болница. Тој нагласи дека жената е во сериозна состојба и има тешки изгореници.

Напади низ Украина
Руските ракетни напади во текот на ноќта предизвикаа пожари, а од остатоците од оружје кои паднале низ неколку области на украинскиот главен град, биле запалени автомобили и искршиле прозорци, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Службите за итни случаи се испратени на неколку локации каде што паднале остатоци од уништено воздушно оружје, рече Кличко на апликацијата за пораки Телеграм. Сведоците на Ројтерс слушнале експлозии кои изгледале како да се од воздушна одбрана во акција. Локалните медиуми објавија дека две лица се убиени, а 13 се повредени.

Киев беше под силен напад со балистички ракети и беспилотни летала во текот на ноќта и рано наутро, а градоначалникот Виталиј Кличко редовно даваше информации за ситуацијата на терен. Експлозиите одекнуваа низ целиот град, а воздушната одбрана беше активна, рече Кличко на своите официјални канали.

Обемот на нападот и главната цел сè уште не се познати. Русија сè уште не коментираше.

фото: принтскрин

Текстот (Видео) Руските сили го нападнаа Харков, една од целите приватна градинка е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top