(Видео) Руски дронови повторно ја нападнаа Одеса: Најмалку 18 повредени

(Видео) Руски дронови повторно ја нападнаа Одеса: Најмалку 18 повредени

пред 3 часа

Руски дронови во текот на ноќта повторно ја нападнаа украинската Одеса, при што се повредени најмалку 18 лица, соопштија украинските власти.

Најголема штета е предизвикана во централниот Приморски округ, каде се оштетени повеќекатници и станбени згради, а нападите предизвикале и големи пожари на покривите и горните катови.

Според локалните власти, меѓу повредените има и 17-годишно момче, додека две лица се во тешка состојба на интензивна нега.

Оштетени се и градинка, трговски центар, хотел и административни објекти, а уништени или оштетени се десетици автобуси и автомобили.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија од средата навечер лансирала една балистичка ракета и 206 дронови, од кои 172 биле соборени или неутрализирани.

Текстот (Видео) Руски дронови повторно ја нападнаа Одеса: Најмалку 18 повредени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top