(Видео) Тепачка на пензионери во Сплит поради оштетен автомобил

пред 3 години

Двајца пензионери се степаа во Сплит, поради оштетување на автомобил. На видеото, што се појави во јавноста, се гледа како двајца мажи се тепаат, се појавува и трет држејќи ја главата, а една жена повикува полиција.

Како пто пренесува Индекс.хр мажите се степале поради мала сообраќајна несреќа, односно оштетување на автомобил на паркинг, што е поткрепено со снимка од настанот.

„Тепаш маж поради лим“, извикува жената на видеото, а еден од мажите кој моментално зазема борбен став и ја започнува борбата со извик: „Ме го удри автомобилот“.

Полицијата во Сплит-Далмација потврди дека станува збор за инцидент од пред шест дена и дека е во тек кривична истрага.

Share
Scroll to Top