(Видео) Трамп остро нападна новинар во Белата куќа: „Што ви е? Дали сте болни?“

(Видео) Трамп остро нападна новинар во Белата куќа: „Што ви е? Дали сте болни?“

пред 2 часа

Синоќа во Овалната соба, претседателот Доналд Трамп остро прекина еден новинар и му рече да молчи. Инцидентот се случи додека Трамп одговараше на прашања.

„Дали сте болни?“
Новинарот Ендру Фајнберг од „Индипендент“ се обиде да постави прашање во врска со промените во паркот „Ист Потомак“, кои вклучуваат и нов терен за голф. „Во врска со теренот за голф, господине… Вие поседувате многу терени…“ – почна Фајнберг, но Трамп го прекина.

„Чекајте, чекајте, чекајте, чекајте“, рече Трамп. Кога Фајнберг се обиде да продолжи, претседателот додаде: „Тишина, тишина“. Вториот збор го изговори со видлива нервоза.

„Што ви е? Дали сте болни?“ – праша Трамп. „Не, колку што знам, господине“, одговори Фајнберг.

Текстот (Видео) Трамп остро нападна новинар во Белата куќа: „Што ви е? Дали сте болни?“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top