Во Париз беше претставено монументално уметничко дело околу Триумфалната порта, кое е целосно покриено со сребрено и сино платно.
Оваа инсталација е дело на покојниот уметнички пар Христо и Жан Клод, кои го осмислија проектот во 1961 година, а официјалното отворање е закажано за утре.
Посетите ќе бидат можни во следните три недели, а за време на викендот, кружниот тек околу Триумфалната порта ќе се претвори во пешачка зона.
Посетителите на познатата Наполеонска порта, која доминира на Авенијата на Елисејските полиња, не само што ќе можат да го набљудуваат, туку и да го допрат платното, како што замислуваа уметниците.
Timelapse footage shows Paris’s iconic Arc de Triomphe wrapped in 270,000 square feet of silver and blue recyclable fabric as part of a posthumous art installation designed by artists Christo and Jeanne-Claude. https://t.co/IlyCfw02eQ pic.twitter.com/B1wCArL5so
— ABC News (@ABC) September 16, 2021
Оние кои ќе се искачат на врвот на височина од 50 метри, ќе можат да застанат на платното од терасата на покривот.
Министерката за култура Розелин Башело рече дека ова е невообичаен подарок за Парижаните, Франција и пошироко, за сите љубители на уметноста и додаде дека ова дело е постхумно сведоштво за уметничкиот гениј на неговите креатори.
Христо Владимиров Јавачеф, роден во Бугарија, го запозна Жан Клод де Гибон во Париз во 1958 година, а подоцна станаа љубовници. Жан Клод почина во 2009 година, а Христо во мај минатата година.