(Видео) Ужасни детали од трагедијата во Тузла: Пожарот го зафати катот со лицата со попреченост, се задушија

(Видео) Ужасни детали од трагедијата во Тузла: Пожарот го зафати катот со лицата со попреченост, се задушија

пред 9 часа

Десет лица загинаа во трагичен пожар што избувна во дом за стари лица во Тузла. Пожарот се прошири на седмиот кат од зградата каде што беа сместени луѓето со попреченост во домот, објавува Кликс.ба.

Луѓето со попреченост не можеа да избегаат
Според неофицијални информации, смртта на жртвите најверојатно се случила поради задушување. Големиот пожар се проширил на седмиот кат од зградата на домот за стари лица, каде што се наоѓале станови со лица со попреченост.

Петмина хоспитализирани, двајца во критична состојба
Според официјалните податоци од Универзитетскиот клинички центар во Тузла, пет лица се хоспитализирани по пожарот, а две од нив се на одделението за интензивна нега.

Кантоналната полиција извести дека пожарот е ставен под контрола во 22 часот. Точната причина за пожарот ќе се утврди со истрага.

фото: принтскрин

Текстот (Видео) Ужасни детали од трагедијата во Тузла: Пожарот го зафати катот со лицата со попреченост, се задушија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top