(Видео) Хамас објави снимки од жестоки улични борби

(Видео) Хамас објави снимки од жестоки улични борби

пред 12 месеци

Израелските сили денеска се судрија со милитантите на палестинската исламистичка организација Хамас среде урнатините на градот Газа, додека околу 80 земји и организации се состануваат во Париз за да ја координираат хуманитарната помош и да најдат начини да им помогнат на ранетите цивили.

Жителите на градот Газа изјавија дека Израелците се борат против Хамас и други милитанти и дека тенкови се распоредени околу градот. Тие исто така рекоа дека израелските сили се приближуваат до две болници, каде засолниште побараа илјадници раселени Палестинци.

Израелската војска соопшти дека нејзините сили напреднале во срцето на градот Газа, главното упориште на Хамас и најголемиот град во палестинската крајбрежна енклава, додека исламистичката група вели дека нејзините борци и нанеле тешки загуби на израелската армија.

Вооруженото крило на Хамас вчера објави видео на кое се чини дека се прикажани интензивни улични борби покрај бомбардирани згради во градот Газа.

Текстот (Видео) Хамас објави снимки од жестоки улични борби е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top