Британски генерал предупредува: Одеса е следната цел

пред 2 години

Британскиот генерал Ричард Баронс во интервју за Би-Би-Си предвиде што очекува од воената стратегија на Русија во наредните денови.

„ Очекувам Русите да продолжат да ја напаѓаат украинската армија во внатрешноста на земјата. Ќе удрат по нивните линии за снабдување, логистика и воздушни бази, како и војниците кои се спротивставуваат на инвазијата. Тогаш тие ќе продолжат да се борат во градовите и територијата за која мислат дека им припаѓа“ рече Баронс.

Во таа смисла, украинскиот пристанишен град Одеса на југот на земјата е следната логична руска цел, оценува британскиот генерал.

„ Окупацијата на Одеса ќе ја изолира украинската економија од трговските патишта долж Црното Море“, рече тој.

Во меѓувреме, Русите ќе го задржат притисокот врз Киев бидејќи тоа е политички важна цел, додаде генералот. Но, Русите знаат дека Киев во моментов е „преголема цел и премногу добро заштитен за војската да влезе во неа“, објаснува британскиот генерал.

Share
Scroll to Top