Болсонаро стравува дека американското сценарио може да се случи во Бразил

пред 3 години

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека недовербата во пребројувањето на гласовите на изборите во Америка доведе до напад на толпата кон Конгресот. Тој предупреди дека истото може да се случи и во неговата земја.

Болсонаро ги повтори наводите за широко распространета измама на гласањето на 3 ноември и предупреди дека бразилскиот систем за електронско гласање, кој е меѓународно пофален за неговата ефикасност и брзина во броењето на гласачките ливчиња, може да биде изманипулиран, објави Ројтерс.

Болсонаро се залага за враќање на печатените ливчиња на претседателските избори во Бразил, кои ќе се одржат во 2022 година и на кои планира да побара втор мандат.

„Што се случи на изборите во Америка? Во основа, која беше … причината за целата криза? Недостаток на доверба во гласањето”, им рече Болсонаро на приврзаниците пред неговата резиденција.

Без да даде докази за ваквите тврдења, тој рече дека има луѓе кои гласале три или четири пати, како и дека починати лица гласале. Болсонаро предупреди дека ако не се испечатат гласачките ливчиња на изборите во 2022 година, Бразил ќе има поголеми проблеми од САД.

Share
Scroll to Top