(Видео) 35 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил, како изгледа денес „градот на духовите“

пред 1 година

Украина денес одбележува 35-годишнина од катастрофата во Чернобил, најтешката нуклеарна несреќа во историјата што погоди голем дел од Европа, пред сѐ Украина, Белорусија и Русија.

На 26 април 1986 година, во 01:23 часот, нуклеарниот реактор бр. 4 во Чернобил, во близина на градот Припјат, околу стотина километри северно од Киев, експлодира за време на безбедносен тест. Нуклеарното гориво гореше десет дена, испуштајќи радиоактивни честички во атмосферата, кои според некои проценки биле расфрлани на три четвртини од површината на Европа.

Москва прво сакаше да ја скрие несреќата. Иако Шведска издаде предупредување на 28 април, забележувајќи зголемување на радиоактивноста, советскиот претседател Михаил Горбачов одлучи да се појави во јавноста дури на 14 мај.

Скоро 350.000 луѓе беа евакуирани во радиус од 30 километри од централата во текот на неколку години.

За четири години по несреќата, околу 600.000 советски експерти се испратени со мала или никаква заштита на местото на несреќата да го изгаснат пожарот, да изградат бетонски облоги околу реакторот и да ја исчистат околината.

Сè уште има дебата за бројот на човечки жртви по несреќата, а проценките се движат од 30.000 до 100.000 мртви.

По неколку години доцнење, на крајот на 2016 година, над реакторот беше изградена огромна непропустлива челична конструкција.

Благодарение на заштитната конструкција, стапката на радиоактивност во близина на централата се намали за десет пати една година по нејзината инсталација, покажуваат официјалните податоци.

Ново истражување покажа дека несреќата во Чернобил не влијаела на гените на децата на озрачените родители.

„Нема дополнително оштетување на ДНК кај деца чии родители биле изложени на зрачење по нуклеарната експлозија во Чернобил, пред тие деца да бидат зачнати“, покажува студија објавена во списанието „Сајанс“.

Тоа е прва студија за проучување на гените на децата чии родители се занимавале со расчистување по нуклеарната катастрофа.

Сите испитаници се родени по несреќата, во периодот од 1987 до 2002 година и биле испитани нивните геноми. Научниците не откриле никакви мутации што би се поврзале со изложување на нивните родители на последиците од нуклеарната несреќа.

Share
Link with us
Game bài đổi thưởng
Scroll to Top