(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Маскирани напаѓачи упаднаа во борби со петли и убија 12 гледачи

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Маскирани напаѓачи упаднаа во борби со петли и убија 12 гледачи

пред 14 часа

Пукањето, кое се случило во крајбрежната провинција Манаби во четвртокот вечерта, било снимено на камера. Застрашувачката снимка покажува група од најмалку пет мажи во воена униформа како влегуваат во арената пред да отворат оган со автоматски пушки. Може да се видат десетици луѓе како се сокриваат.

Локалните медиуми објавија дека напаѓачите избегале со 20.000 долари во кеш. Полицијата соопшти дека има и повредени лица кои се пренесени во локалните болници, но не прецизираше колку.

Полицијата уапси четворица осомничени и официјални лица велат дека припаѓаат на организирана криминална група наречена Лос Р7. Полицајците рекоа дека нашле фрлени воени униформи и два автомобили напуштени на блискиот автопат. Едниот бил запален, а другиот се превртел.

Еквадор е дом на околу 20 криминални групи вклучени во трговија со дрога, киднапирање, изнуда…

Текстот (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Маскирани напаѓачи упаднаа во борби со петли и убија 12 гледачи е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top