Вооружени лица убија три медицински работнички додека вакцинирале против детска парализа во источниот авганистански град Џалалабад, соопштија два владини извори.
Претставник на покраинската влада рече дека не било веднаш јасно кој ги извршил двете одделни престрелки.
Извор од централната влада го потврди пукањето.
Голем број атентати се случија во урбаните центри откако минатата година во Доха започнаа мировните разговори меѓу бунтовничките Талибанци и авганистанската влада.