Во Белгија запленети рекордни 11,5 тони кокаин со вредност од 450 милиони евра

пред 11 месец

Белгиското сојузно државно обвинителство извести дека во транспортен контејнер од Гвајана е запленета рекордна количина, од 11,5 тони чист кокаин, како дел од акцијата прротив поголема криминална организација.

Дрогата, запленета во пристаништето Антверпен, која била наменета за Холандија е уништена. Нејзината пазарна вредност се проценува на околу 450 милиони евра, додаде обвинителството во соопштение.

Дрогата е откриена како дел од белгиската судска истрага започната кон крајот на 2019 година по заплената на 2,8 тони кокаин. Истрагата овозможила да се разбие меѓународната криминална и добро организирана група, која е осомничена за редовно снабдување со големи количини на кокаин од Јужна Америка во Белгија, се вели во соопштението на државното обвинителство.

Инаку, на 1 октомври беше објавено дека околу 30 лица биле уапсени во Белгија, Холандија и Шпанија по претрес на 70 станови и куќи. Меѓу нив, 22 се уште се во притвор, а запленети биле скоро 3 милиони евра.

Дрогата била скриена во контејнер со старо железо.

Истрагата откри дека уште една пратка кокаин била на пат од Јужна Америка.

Share

Kandagawa Jet Girls Episode 12

AnimeTV Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Animepahe: Kuiba: Zhi Shiwanhuoji anime episode Full online free at https://animepahe.cc anime stream

4Anime: Tachiguishi Retsuden anime episode 2 online free at https://4anime.biz persona 4 the animation

Fairmark: https://fairmark.com/forum/users/kissanimemx/

Hulkshare: https://www.hulkshare.com/animefreakws

Scroll to Top