Германија размизлува да го продолжи заклучувањето: „Вирусот доби ракетен погон“

пред 3 години

Германската влада најверојатно утре ќе донесе одлука да ја продолжи блокадата до 1 март, пишуваат германските медиуми.

„Бројот на нови инфекции е намален, но постои ризик од мутациите на вирусот. Ова е мешавина од успех и ризик. Мора внимателно да продолжиме“, предупреди Институтот „Роберт Кох“.

Германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на сојузните покраини ќе се состанат утре за да одлучат за мерките по 14 февруари. Според некои најави, тие сакаат да претстават безбедна и фер стратегија за мерки за олеснување.

Меркел вчера ги предупреди премиерите да бидат внимателни со мерките за олеснување и инсистираше на понатамошни мерки за намалување на бројот на нови инфекции во следните две недели.

Нејзината советничка за вирусологија Мелани Бринкман се залага веднаш да се прогласи целосен карантин, сеопфатен, но краток. Најмногу поради стравот од брзо ширењето на британскиот вид.

„Мутациите од Велика Британија и други ќе нѐ прегазат, вирусот доби ракетен погон“, рече Бринкман која верува дека вакцината не може целосно да помогне во борбата против новиот вид. „Оваа трка беше изгубена многу одамна“, додава таа.

“Вакцината се произведува, но ќе треба време за сите да ја добијат. Вакцинацијата нема да нè извлече од пандемијата, додека не се смири низ целиот свет. Ние ќе продолжиме да се справуваме со короната и во 2022 година, а веројатно и потоа“, вели германскиот вируолог.

Една од главните теми на средбата меѓу канцеларката и премиерите на германските покраини ќе бидат градинките, училиштата и фризерските салони. Можно е да се донесе одлука за постепено отворање на училишта, односно посета на училишна настава во групи и наизменично.

Лидерите на СПД сакаат да овозможат наизменични часови во основните училишта и повторно да се отворат градинките каде седумдневната инциденца е под 100. Тоа би било случај во повеќето области.

Сепак, канцеларијата на канцеларката е силно против. Според информациите од владините кругови, Ангела Меркел и шефот на канцеларијата на канцеларката Хелге Браун не сакаат да дозволат отворање на чилишта во февруари. Од гледна точка на покраините управувани од СПД, можно е да се отворат училиштата со наизменични предавања каде што седумдневната инциденца е помала, што значи помеѓу 50 и 90 области во Германија.

Share
Scroll to Top