(Видео) САД ја завршија 20-годишната војна во Авганистан, последниот авион го напушти Кабул

пред 3 години

Последниот американски воен авион го напушти аеродромот во Кабул, означувајќи го крајот на контроверзното 20-годишно присуство на САД во Авганистан.

Официјални лица изјавија дека последниот авион Ц17 ​​полетал со американскиот амбасадор ноќеска по полноќ по локално време, пренесува Би -Би -Си.

Дипломатската мисија ќе продолжи да им помага на оние кои не можеа да заминат пред истекот на рокот за повлекување, што истекува денеска.

Како што јавија светските медиуми, по полетувањето на последниот авион со американски војници се слушнало славеничко пукање на Талибанците.

Заминувањето на американските војници од Авганистан беше последното поглавје во оспоруваните воени напори што на крајот ги натера САД да го предадат Авганистан на истите исламистички милитанти што се обидоа да ги искоренат кога американските војници влегоа во земјата во 2001 година.

Ова значи и крај на масовните евакуации кои започнаа на 14 август, кратко време откако Талибанците ја презедоа земјата.

Главниот воен командант на САД во регионот, генерал Кенет Мекензи, рече дека американските и коалициските авиони евакуирале повеќе од 123.000 цивили – во просек повеќе од 7.500 цивили дневно.

Share
Scroll to Top