Во Брисел продолжен полицискиот час, маските ќе бидат задолжителни насекаде

пред 6 месеци

Во Брисел, од понеделник, 26 октомври, маските повторно ќе бидат задолжителни насекаде и во секое време, а полицискиот час ќе биде продолжен и на граѓаните ќе им биде забрането да ги напуштаат своите домови од 22 до 6 часот наутро.

Работата од дома е задолжителна – каде што тоа е изводливо, а сите културни и спортски објекти се затворени, одлучија градоначалниците на 19 градски општини, зајакнувајќи ги мерките за заштита од ширење на Ковид-19.

Продавниците мора да бидат затворени во 20 часот, а луѓето мора да одат во продавница сами, освен ако не се придружени од деца под 12 години и лице на кое им е потребна помош.

Сите училишни екскурзии се откажани, а властите ги повикаа родителите да не организираат традиционално собирање на слатки од врата до врата за Ноќта на вештерките.

Белгија е на „црниот врв“ на ЕУ кога станува збор за епидемиолошката состојба со 10.198 заразени на 100.000 жители, додека во Брисел, секој четврти тестиран граѓанин е позитивен на Ковид-19.

Share

AnimeTV demon slayer anime tv: Jujutsu Kaisen (TV) Episode 24

AnimeFreak fire force animefreak: Watch Umibe no Étranger Episode Full (https://animefreak.ws/m/Gd3K/ep-1)

Scroll to Top