Во Грција, 19 лица починаа од вирусот со западнонилска треска

Во Грција, 19 лица починаа од вирусот со западнонилска треска

пред 4 часа

Во последната недела, 47 лица се разболеа од вирусот Западен Нил во Грција, со што вкупниот број на заболени лица достигна 232, објави Грчката Национална здравствена организација (ЕОДИ), додавајќи дека 19 лица починале од вирусот од почетокот на годината, или шест во последните седум дена.

73 лица се хоспитализирани.
Најголем број случаи е регистриран во источна Атика, пренесува Танјуг.

Починатите лица биле претежно постари од 65 години, а од вкупниот број случаи, 116 се манифестирале со заболувања на централниот нервен систем (енцефалитис или менингитис).

Текстот Во Грција, 19 лица починаа од вирусот со западнонилска треска е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top