Во Ирак се одржуваат избори, 250.000 полицајци ги штитат избирачките места од напади

пред 12 месеци

Со зголемени безбедносни мерки, Ирачаните одат на парламентарни избори распишани претходно во неделата по масовните антивладини протести за реформи.

Ова се втори избори откако Ирак прогласи воена победа над милитантната група „Исламска држава“ пред речиси четири години.

Иако милитантите се ослабени, клетките на Исламската држава остануваат активни и редовно вршат напади во делови на Ирак.

Изборниот процес го обезбедуваат повеќе од 250.000 припадници на безбедносните сили распоредени на избирачките места низ Ирак.

Во изборната трка за новиот парламент, кој има 329 места, ќе се борат 3.249 кандидати што претставуваат 21 коалиција и 109 политички партии.

Изборната комисија соопшти дека речиси 25 милиони гласачи од 40 милиони луѓе во земјата имаат право да гласаат на изборите.

Изборите првично беа планирани за 2022 година, но беа распишани порано по масовните антивладини протести во 2019 година поради длабоко вкоренетата корупција и лошите јавни услуги.

Демонстрантите побараа оставка од владата, распуштање на парламентот и промена на политичкиот систем во земјата, што постои од американската инвазија во 2003 година.

Набудувачите предвидуваат ниска излезност поради расположението на гласачите кои не очекуваат промена на односот на силите во земјата.

Првите резултати од изборите се очекуваат во понеделник.

Share
Link with us
  • tải sunwin hướng dẫn tại sunwin sunwin sập
  • ứng dụng sunwin sun win
  • sun win sunwin lừa đảo sunwin bị công an bắt
Game bài đổi thưởng
Scroll to Top