Италија денеска регистрираше нешто повеќе од 17.000 нови случаи на Ковид-19, што е помалку од дневниот просек во последните неколку дена.
Сепак, во последните 24 часа беа тестирани десетина илјади луѓе помалку, што е вообичаено за викендот.
Вкупно 542.789 лица се заразиле во Италија од почетокот на пандемијата.
Во споредба со првите месеци кога избувна инфекцијата и повеќето случаи беа концентрирани во северна Италија, бројот на заразени сега расте низ целата земја, поради што владата наметна нови ограничувања кои стапија на сила денес, вклучително и затворање на вежбалниците, кината и скратено работно време за рестораните и кафулиња.
Во Франција, пак, во последните 24 часа потврдени се 26.771 нов случај на коронавирус, а како последица на Ковид-19 починале 257 лица.
Вкупниот број на лица случаи на коронавирус во Франција сега се искачи на 1.165.278, а 35.018 починале, пренесува „Ројтерс“.
Бројот на заразени е помал од вчера, кога беа забележани рекордни 52.010 нови случаи на инфекција за еден ден.
Франција во моментов е рангирана на петтото место во светот по бројот на заразени со коронавирус, по САД, Индија, Бразил и Русија.