Во Кина бројот на корисници на 5G мрежата достигна 450 милиони.
Објавените податоци покажуваат дека околу 450 милиони луѓе во Кина користеле 5G барем еднаш, што е повеќе од целата популација на ЕУ. Според Министерството за индустрија и информатичка технологија до 2025 година речиси сите градови и села во земјата ќе бидат поврзани на 5G мрежата.
Имено, 5G Интернетот, чија брзина е 100 пати поголема од 4G, овозможува пренос на големи количини на податоци за многу кратко време.