Во Нов Зеланд еден нов случај на коронавирус

пред 4 години

Во Нов Зеланд во последните 24 часа е пријавен еден нов случај на коронавирус од 5.000 тестирани, со што вкупниот број на активни случаи е 62.

Лицето кај кое  потврден вирусот се наоѓа во карантин, а пристигнало во земјата на 27 јануари од Индија.

Вкупниот број на заболени од Ковид-19 во Нов Зеланд од почетокот на епидемијата е 1.959, а бројот на починати 25.

Нов Зеланд денеска соопшти дека овој месец повторно ќе започне да прифаќа бегалци, скоро една година откако ги затвори своите граници за да го запре ширењето на коронавирусот.

Група од 35 бегалци ќе пристигне во февруари, а околу 210 бегалци се очекува да влезат во земјата до 30 јуни, соопшти Службата за имиграција на Нов Зеланд.

„Со утврдени здравствени протоколи и безбедни патни правци, подготвени сме да ги пречекаме семејствата кои ќе станат жители на Нов Зеланд, за да ги започнат своите нови животи“, рече Фиона Вајтриџ од Службата за имиграција.

Секој што ќе пристигне, ќе мора да помине 14 дена во самоизолација.

Share
Scroll to Top