Државјанин на Саудиска Арабија е уапсен во Франција под сомнение за вмешаност во убиството на новинарот Џамал Кашоги.
Француските медиуми јавуваат дека осомничениот Калед Аед ал-Отајиби бил уапсен на аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз.
Тој е еден од 20. Саудијци по кои трагаат турските власти.
33-годишниот поранешен саудиски војник патувал под свое име и е задржан во судски притвор.
Потсетување, новинарот Џамал Кашоги кој важеше за истакнат критичар на саудиската влада, беше убиен во саудискиот конзулат во Истанбул во октомври 2018 година.