Бројот на заболени во еден ден во Русија почна да опаѓа, првпат од средината на септември, па за последните 24 часа се забележани 11.115 заболени. Во Русија вкупно се заразени 1,2 милиони луѓе. Сепак, забележан е пораст на бројот на починати – за последните 24 часа починале 202 луѓе, додека претходниот ден имало 188 жртви од вирусот Ковид-19. Досега во Русија починале речиси 22 илјади луѓе како последица на инфекција од коронавирусот. Оздравеле речиси 1 миилион луѓе, а во изминатите 24 часа безмалку 7 илјади.
Во Русија опаѓа бројот на заболени, но расте бројот на починати
пред 4 години