Во светот над 740.000 новозаразени со коронавирус

пред 11 месец

Според податоците на СЗО за претходниот ден, евидентирани се 740.221 нови случаи на коронавирус во светот, а починале 12.502 лица.

Со тоа, вкупниот број на заразени лица се зголеми на 83,32 милиони, а починаа 1,83 милиони пациенти, пренесува ТАСС.

Најголем број на новозаразени е забележан во Јужна и Северна Америка, повеќе од 62%, или 477.794.

Следува Европа со 165.584 и Југоисточна Азија со 27.828 нови случаи.

Share
Scroll to Top