Во последните 24 часа во Србија се потврдени 3.341 нови случаи на коронавирус, а 19 лица починаа.
Во моментов, хоспитализирани се 3.343 пациенти од кои 151 пациент на респиратори.
Во последните 24 часа биле тестирани 13.008 лица.
Од почетокот на епидемијата, до денес во Србија се регистрирани 73.765 случаи на коронавирус. Починале 955 лица, а стапката на смртност е 1,29 проценти.
Вчера во Србија беа регистрирани 3.536 нови случаи, а почина 21 пациент.