Во последните 24 часа 11.190 лица биле тестирани на коронавирусот во Србија, 2.559 од нив биле позитивни, додека починале 43 лица.
Во моментов 288 пациенти се приклучени на апарати за дишење, а 9.728 заразени лица се хоспитализирани низ целата земја.
Стапката на смртност изнесува 0,93%.
Од почетокот на епидемијата, регистрирани се вкупно 328.619 случаи на инфекција, а тестирани се 2.253.975 примероци. Се проценува дека короната ја прележал секој трет жител на Србија.