Во Украина од почетокот на војната загинале 136 деца, велат од украинското обвинителство

пред 3 години

Од почетокот на руската инвазија врз Украина досега загинале 136 деца, се наведува во соопштението на Украинското државно обвинителство, пренесоа британските медиуми.

Од нив, 64 биле убиени во регионот на Киев, а 50 во регионот на Доњецк.

Во инвазијата се повредени 199 деца, додаде обвинителството.

Британските медиуми забележуваат дека во моментов нема независна потврда на овие податоци на Украинското државно обвинителство.

Share
Scroll to Top