Во Црна Гора 339 нови случаи на коронавирус

пред 4 години

Во Црна Гора се потврдени 339 нови случаи на коронавирус, од 1.714 тестирани, а пет лица починаа.

Вкупниот број на смртни случаи поврзани со ковид-19 од почетокот на јуни минатата година е 680, а од почетокот на 2020 година 689.

Во последните 24 часа оздравеле 333 пациенти.

Активни се вкупно 9.233 случаи на коронавирус.

Од почетокот на годината, вкупниот број на регистрирани случаи на коронавирус во Црна Гора е 49.195.

Share
Scroll to Top